еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Попладне нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени.

Во Скопје денеска попладне ќе преовладува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а понекаде во котлината се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме со град. Максималните температури ќе се движат до 32 степени.

И изминатата ноќ преовладуваше нестабилно време со врнежи од дожд.

Од УХМР информираат дека до 8 часот наутро во Куманово наврнале 37 литри на метар квадратен, Лазарополе – 25, Прилеп – 23, Скопје и Зајчев Рид- 14, 10 во Охрид, 9 во Битола, 7 во Претор, 6 во Крушево, 2 во Демир Капија, 1 во Тетово, Маврово, Штип, Гевгелија, и Попова Шапка.

УХМР за утре прогнозира дека околу пладне ќе има услови за изолирана и краткотрајна нестабилност, а потоа до петок следува период на стабилно и многу топло време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Како ќе се намалува заштитата од вакцините, така ќе се појавуваат нови случаи преку целата есен и зима

Редакција

Од вечер врнежи од снег и на пониските места, од следната седмица минусни температури

Редакција

Досега обезбедени 1.732 единици конвалесцентна плазма, третирани 1.431 пациенти

Редакција