еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поплавени салите за интервенција на Клиниката за кардиологија

При невремето што попладнево го зафати Скопје, поплавени се подрумските простории на Клиниката за кардиологија, каде што се салите за интервенција, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На единствениот број за итни ситуации 112 има пристигнато повеќе пријави за поплавени простории и улици.

– Во ЦУК пријавено е дека се поплавени неколку подрумски простории на ул. „Јордан Мијалков“, спроти зградата на „Лимак“, две куќи поплавени во населба „Драчево“ на ул. „Славка Динкова“, големо количество вода во подвозникот кај Тинекс, кај катната гаража (1м-2м) на ул. „Антон Попов“.

Поплавувањето на подвозникот го попречува одвивањето на сообраќајот, се вели во соопштението од ЦУК Скопје.

Има паднато повеќе гранки од дрвја при првиот налет на локалното невреме во Скопје, а на ул. „Симеон Кавракиров“, во населбата „Мичурин“ во Аеродром паднало големо дрво на улицата што оштетило и возило во движење, а и паркирани возила.

– Во 18:15 е отстрането од екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје и улицата е проодна. Исто така имало паднато голема гранка од дрво, во близина на аптека „Зегин“ на Бул. „Св. Климент Охридски“, информираат од ЦУК.

Од Регионалниот ЦУК Скопје стапиле во контакт со пожарникарите од Бригадата (БППЗ) на Град Скопје и биле испратени екипи за испумпување на водата од критичните точки, а и со надлежни за вакви ситуации од претпријатијата на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Невреме во Скопје: Дрвja паѓаа на автомобил во движење и на паркинзи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новинарот на Канал 5 имал контакт со член од семејството кој е позитивен на корона вирусот

Редакција

Објавен новиот протокол за кафетериите: Нема веќе „стоење“ на шанк, родендени и „музички свирки“

Редакција

Отворени сме за дијалог, состанок кога ќе се исполнат потребните услови, велат од бугарското Mинистерство за надворешни работи

Редакција