Поранешниот министер за финансии професорот Никола Поповски во разговор за Трилинг смета дека одлуката на Брисел не е добра и дека формулацијата на Брисел дека преговорите ќе почнат откако ќе се смени уставот. Веројатно, тој нема да се смени до наредните избори.
„Отпочнувањето на преговорите треба да го земеме условно, освен ако некој во Парламентот не се премисли и да дојдеме до 80 пратеници мнозинство за да се смени уставот. Условите под кои во оваа фаза влеговме, се застрашувачки и понижувачки,“ вели Поповски.
Вели дека под тие услови не би ги почнал преговорите. Работите нема да се сменат, вели тој и откако почнаа овој процес со Бугарија по потпишувањето на Договорот кој иницијално Бугарија го дадоа во 1999. И оттогаш никој не го прифати и сега тоа се случи.
„Од тој договор до денес условите само се влошија, Бугарите постојано нешто бараа и во последната рамка имавме се кумулативно. И промена на устав и ревизија на историјата, на нашата генеза како народ и јазикот, на подалечната историја, на образованието и се влезе во таа преговарачка рамка.
Успех за државата е ако може да се почнат преговори ако се промени уставот. Уставот нема да се промени и со тоа нема да имаме почеток на преговорите во блиска иднина, вели Поповски и додава дека и да се почнат, според протоколот, тоа е застрашувачкото за Македонија.
Вели дека вака лошо испреговаран Протокол со Бугарија бил недозволив за преговарачите. Тие што викаат дека е почеток, сметаат дека проблемите кои ги наметнува Бугарија, ќе успеат да ги надминат и затоа се еуфорични.
„Бугарите имаат поцврста позиција и во изминатите години ги исполнуваат само своите цели. Уште потешко за нас е што постојано правиме компромиси. Тие на крај излегуваат еднострани и тоа не се компромиси,“ вели Поповски.
Фото: Поповски/Фејсбук