еМагазин
Image default
Локално

Поради непочитување на здравствените прописи затворен угостителски објект во Мала Речица, приведен сопственикот

Полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, синоќа во 21:30 часот, при извршена контрола на угостителски објект во с.Мала Речица, сопственост на С.Ј.(54) од с.Мала Речица констатирале непостапување по здравствени прописи за време на епидемија, при што во објектот имало осум лица.

МВР соопшти дека објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен, а сопственикот С.Ј. е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акција на МВР: Одземени мотори, казнети возачи

Редакција

Утре и во сабота јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред

Редакција

Ловочувар застрелал жител на Македонски брод во одгледувалиште на диви свињи

Редакција