еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради опасност од бегство, судот одреди 30-дневен притвор за Сашо Мијалков

Кривичниот суд – Скопје, му одреди мерка притвор од 30 дена на Сашо Мијалков, обвинет во случајот “Трезор”. Ова одлука следеше по предлог на јавниот обвинител Трајче Пеливанов, кој истакна дека постои опасност од бегство.

На обвинетиот Небојша Стајковиќ, пак, му одреди мерка куќен притвор.

„Имајќи ја предвид казната од осум години и дека Сашо Мијалков е исклучителен моќен човек, како и неправосилната пресудата во случајот „Тврдина-Таргет”, предлагаме да се одреди мерката притвор за овој предмет.

Причните се дека постои можност за бегство“, рече обвинителот Трајче Пеливанов, кој воедно предложи мерката притвор за случајот „Тврдина-Таргет”, да се укине.

Одбраната на обвинетите, по предлогот на јавните обвинители, наведе дека тие се убедини дека овој предмет во Апелациониот суд ќе добие ослободителна пресуда. Адвокатот Љупчо Шврговски, посочи дека не постои опасност од бегство и дека ваквото барање е неосновано.

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, првообвинет во предметот „Трезор“ за злоупотреба на службената положба и овластувања денеска е осуден на единствена казна во траење од осум години.

На поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, кој е недостапен на органите на прогонот му е изречена единствена казна затвор во траење од 15 години. На поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, судот му изрече казна затвор од пет години.

Поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, пак, кој се товари за помагање, е осуден на единствена казна затвор во траење од пет години.

Против пресудата дозволена е жалба во рок од 15 дена до повисокиот Апелационен суд.

Предметот се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство бара притвор за Мијалков и Стајковиќ за случајот „Трезор“

Мијалков осуден на осум години затвор за „Трезор“, Грујевски на 15, а се конфискувани и пари во износ од 176.000 евра

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Бојко Борисов хит на социјалните мрежи: „Не кашлај“

Редакција

Османи потврди дека Бесмира Ејупи е вработена во МНР: Случајно е превземена од Министерство за политички систем, нема ништо спорно

Редакција

Министрите за надвореши работи на Австрија, Словенија и Чешка денеска во Скопје

Редакција