еМагазин
Image default
Македонија

Поради отсуство на судијата Ставрев, одложено судењето за „Титаник“

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) продолжува на 23 август, откако денешното рочиште се одложи поради отсуството на членот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев.

Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова, се наоѓа во доказна постапка.

Досега се изведени околу 4.850 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 324 случаи на Ковид-19 од 2.660 тестирања

Редакција

Министерот Оливер Спасовски најсериозен кандидат за технички премиер

Редакција

Од 1 јули граѓаните поднеле 385 барања до Европскиот суд за човекови права

Редакција