еМагазин
Image default
Македонија

Поради отсуство на судијката Михаиловска, одложено рочиштето за трето обвинетиот во случајот за убиството на Никола Саздовски

Судењето против трето обвинетиот за убиството на Никола Саздовски, Јетон Љужам, кој беше во бегство, а од пред неколку месеци е екстрадиран од Германија, е одложено за 2 април.

Денешното рочиште не се одржа поради отсуство на судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и на следното рочиште треба да бидат сослушани еден сведок и едно вешто лице.

За убиството на дваесетгодишниот Саздовски, Кривичниот суд Скопје, во април 2019 година ги осуди Бесир Беља и Скендер Демири, на по 19 години затвор.

Апелација делумно ги прифати жалбите на Бења и Демири и им ги намали казните од 19 на 16 години затвор.

Според пресудата за Беља и Демири, обвинетите кои дејствувале заедно, се виновни затоа што на свиреп начин го лишиле од живот Никола Саздовски.

Тие на 29 јуни 2018 година на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта.

Откако оштетениот им ја покажал личната карта, обвинетите неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ прифати да не биде дел од владата што би се формирала по усвојувањето на уставните измени

Редакција

МВР откри група што продавала лажни тестови за Ковид-19, приведени седум лица

Редакција

И ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужби до Управниот суд, бара од ДИК рачно да ги преброи гласовите

Редакција