еМагазин
Image default
Македонија

Поради здравствени причини Валентина Божиновска нема да го советува Османи

Поранешната функционерка на ВМРО-ДПМНЕ, Валентина Божиновска во изјава за „А1он“ вели дека нема да може да биде дел од Стратегискиот совет на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, но се надева на идна соработка.

„Почитуван министре, Ви благодарам за поканата и за Вашата идеја, која е брилијантна и во оваа прилика ја поздравува, но заради моите ограничени активности од здравствени причини, не можам да придонесам во овие мигови, но се надевам на наша идна соработка, бидејќи сум убедена дека сите заедно треба да ги подадеме рацете кон проектот за европска држава“, вели Божиновска за А1он.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Срѓан Керим, Ајдован Адемовски, Валентина Божиновска… бесплатно ќе го советуваат министерот Османи

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реакции до Министерството за култура: Укинат единствениот стрип настан во Македонија

Редакција

(Фото) Во Штип се вакцинираше министерот Бочварски

Редакција

Петков до Радев: Посетата на Северна Македонија не е избрзана, туку „ужасно многу задоцнета“

Редакција