еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Професор Трајковски: Луѓето со хронични болести се најзагрозени од Ковид-19, а имаат најголем страв за вакцинација

Професорот на Технички факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој на неговиот Фејсбук-профил секојдневно прави анализи за состојбата со Ковид-19 во Македонија и светот, вели дека луѓето со хронични болести се најзагрозени од Ковид-19, а имаат најголем страв за вакцинација.

“Луѓето со хронични болести се најзагрозени од Ковид-19 и имаат најголема потреба од вакцинација. Но, од друга страна токму тие имаат најголеми стравови.

Сега би требало максимално да се активираат докторите, кои преку медиумите ќе ги разбијат тие стравови и ќе го поттикнат населението на масовна имунизација. Во еден разговор со докторка од вакцинален пункт разбрав дека се вакцинираат лица со најразлични здравствени состојби, под услов болеста да е третирана со соодветни лекови.

Знаејќи дека сум вакциниран, ми се обраќаат лица за мислење (или за охрабрување) и на сите им го порачувам следното. Доколку се загрижени за својата здравствена состојба, најпрво да се консултираат со својот матичен доктор, а потоа да се пријават за вакцинација.

На вакциналниот пункт да се појават во закажаното време, каде ќе пополнат формулар (прашалник) и ќе имаат интервју со доктор. На докторот отворено да му ја објаснат својата здравствена состојба, без никакво криење и премолчување факти.

На пример, кога мајка ми беше на вакцинација, разговорот траеше десетина минути. Иако немаше никакви болести, само поради возраста докторката имаше различни прашања и потпрашања, односно разговорот не беше само обична формалност. За мене пак, разговорот траеше кратко, можеби само 1-2 минути.

Иако лицето се потпишува дека доброволно прифаќа вакцинација, докторот е тој којшто ќе ја донесе конечната одлука, односно ќе даде зелено светло за вакцинација. Таа одлука нема да биде донесена лесно, односно ќе бидат земени во предвид сите околности кај даденото лице.

Затоа само напред, да се обидеме до зимата да ја достигнеме потребната бројка од 1,1 милион имунизирани, неопходна за постигнување колективен вакцинален имунитет“, пишува тој.

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

600 тони опасен отпад лоциран во близина на село Орман

Редакција

По изјавите на Макрон: Македонија веќе не треба да се надева на датум за преговори

Редакција

Снимки од дрон по катастрофалните земјотреси во Албанија

Редакција