Поранешната сопруга на секретарот на бугарскиот културен центар во Битола „Иван Михајлов“ го искршила стаклото од киоскот, сопственост на секретарот кој го користел за продавање на свеќи и цвеќиња, лоциран на патот за накај црквата Света Недела во Битола, објави Фокус.
-Полициски службеници презеле мерки и било утврдено дека сторител е неговата поранешна сопруга, која во службен разговор со полициски службеници во Полициската станица Битола го признала делото и појаснила дека го сторила поради нивни недоразбирања.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена пријава по член 243 од Кривичниот законик, велат од МВР за Фокус.
Сопругата на секретарот синоќа јавно на Фејсбук напиша дека таа го искршила објектот поради нивни меѓусебни недоразбирања и изнесуваше интимни работи поради кои е гневна и поради кои го искршила објектот. Порача дека и во соседна Бугарија треба да ги известат дека токму таа го нападнала објектот, пишува Фокус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Во Битола искршено стаклото на бугарскиот Културен центар “Иван Михајлов„