еМагазин
Image default
Македонија

Поранешни новинари на А1 телевизија сведочеа за аферата „Списоци“ од 2011 на судењето за „Титаник“

Младен Чадиковски, како главен и одговорен уредник на Телевизија А1 во 2011 година некое време пред изборите добил списоци со имиња на луѓе, (дел од нив функционери, дел од гласачи) на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Ова денеска го кажа сведокот Чадиковски, во случајот „Титаник“, каде додаде дека откако изворот им ги доставил списоците заедно со колешките Сашка Цветковска и Наташа Стојановска одржале колегиум каде е одлучено да се истражи новинарски аферата „Списоци“.

– Почнавме да истражуваме, не сакавме само така да ги објавиме документите. Материјалите ги снимавме тонски преку телефон. Се јавуваме на луѓе на списоците, се преставувавме како дел од Центарот за комуникаци на ВМРО-ДПМНЕ и одговорите беа во насока што ги пишуваше во списоците, изјави Чадиковски.

Тој воедно во својот исказ додаде дека тие материјали ги доставиле за процесирање во Јавното Обвинителство, но дека тој не бил повикан да даде исказ.

На прашање на обвинетата Гордана Јанкулоска, дали во списоците бил некој од обвинетите, сведокот Чадиковски, рече дека не.

Сведокот Сашка Цветковска, во својот исказ се задржа во содржината и профилот на лицата кој биле дел од списоците.

– Списоците содржеа податоци, од генералии, телефонски броеви и избирачки места каде што треба да гласат. Тие беа лица што благодарение на државниот апарат добивале работни позиции.

Бидејќи добивале привилеги од партијата тие имале обврска да донесат 15 или 30 гласови зависно во која позиција се вработени во институциите. Најчесто стануваше збор за раководни лица, изјави сведокот Цветковска.

Дел од списоците како што наведе таа биле и од лица од едукативните и здравствените институции.

Според обвинението за случајот „Титаник“ како осомничени за разни кривични дела поврзани со незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и за нарушување на изборните процеси во 2011 и 2013 година осмоничени се 20 лица.

Меѓу нив се и поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, Илија Димовски и други.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 335 болни од Ковид-19

Редакција

Професионалниот возач од Кочани нема коронавирус

Редакција

(Фото) Во Косово уапсен Алил Демири, обвинет за петкратното убиство кај Смилковско езеро

Редакција