еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поранешниот шеф на кабинетот на Мијаклов, Јакимовски доби 6 години затвор за проневера на 820 илјади евра

Основниот кривичен суд во Скопје го осуди Тони Јакимовски, шеф на Кабинетот на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков на 6 години затвор во предметот „Специјална каса”, соопштија од Судот.

Неговиот колега од УБК, Стево Маџовски доби казна затвор од 4 години, а третообвинетата Кристина Јосифовска доби ослободителна пресуда.

Пресудата не е правосилна и странките имаат право на жалба на пресудата.

Тие беа обвинети за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања, а според обвинението, станува збор за проневера на 820 илјади евра државни пари во периодот од 2007 до 2017 година од касата на УБК.

Согласно објавата на пресудата, се наведува во соопштението од судот, во текот на кривичната постапка која започна во октомври 2019 година, одржани се вкупно 11 продолженија на главната расправа , а дел од расправите се одржаа во време на вонреда состојба заради пандемијата со Ковид – 19, при што судот ги обезбеди сите соодветни услови согласно протоколите за заштита.

Изведени се предложените материјални и вербални докази и, по предлог на одбраната, сослушан е сведок преку видео конференциска врска со надлежен суд во Букурешт, Р. Романија каде се наоѓал сведокот, велат од судот.

-Врз основа на сето горе изведено судот утврдил дека обвинетите подигале парични средства за потребите на касата за исплата на средства за посебни намени за УБК, но воедно утврдено е дека евиденцијата за потрошените парични средства се уништени заедно со документацијата за исплата, односно главната книга за евиденција без за тоа да постои посебно одобрение од директорот на Управта и без за тоа да биде формирана комисија за ништење на материјална документација, стои во соопштението.

Против оваа пресуда странките, по приемот на пресудата, имаат право на жалба преку овој суд до  Апелациониот суд, наведуваат од Основен кривичен суд Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се намалува интересот за вакцинација: Ревакцинирани вкупно 636.193 граѓани

Редакција

Кои се двајцата „тврдокорни“ пратеници на Беса на Касами

Редакција

Хоспитализирани само 7,3% од новозаразените со Ковид-19

Редакција