еМагазин
Image default
Бизнис

Пораст на потрошувачките и станбените, пад на автомобилските кредити

Анализирано од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапените категори ‒ потрошувачките и станбените кредити, во март, годинава забележаа месечно зголемување од 0,5% и 0,8%, соодветно, како и годишен раст од 13,5% и 13,9%, соодветно, соопшти Народната банка.

„Кај автомобилските кредити, овој месец, е остварен месечен и годишен пад од 0,4% и 4,1%, соодветно. Кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 1,3% на месечно ниво и 4,5% на годишно ниво.

Негативните салда на тековните сметки, во март годинава, остварија месечен и годишен пад од 5,8% и 4,8%, соодветно. Кредитите одобрени врз други основи бележат месечно и годишно намалување од 1,6% и 6,7%, соодветно“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст на депозитите и кредитите во првиот квартал годинава

Банките наплаќаат многу „посолени“ камати за кредитите отколку што даваат за штедните влогови

„Корона-каматите“ треба да се изучуваат како пример за општествена неправда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарска фирма без закупен капацитет за пренос учествувала на повикот за набавка на гас

Редакција

Макпетрол нема да увезува и испорачува природен гас до потрошувачите

Редакција

Тендер „тежок“ 1,2 милиони денари: ПИОМ купува моторни возила

Редакција