еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поразително е доаѓањето на тимот од Вашингтон, бидејќи не сме си ги завршиле домашните задачи, вели претседателката на Антикорупциска

Несериозно се сфаќаа сите укажувања и препораки што ги добивавме од странски фактори и затоа ни се случува ова со тимот за санкции од Вашингтон кој во земјава ќе изврши увид во корупцијата, вели претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Билјана Ивановска на денешниот брифинг по повод 9 Декември – Меѓународен ден за борба против корупција.

– Во наредниот период ќе се расчистат сите овие дилеми зошто и како се дојдени, за нас е поразително, бидејќи не сме си ги завршиле сите домашни задачи, истакна Ивановска и додаде дека за високата корупција ќе биде тешко да се искорени, но ако се има искрени намери оптимистична е дека може да се промени нешто.

Вели дека како сериозен кандидат за влез во Европската Унија, Македонија има проблем со правосудниот систем и потребно е да го реши тој проблем, а Американците го поддржуваат тоа.

– Тие ни даваат на некој начин поттик и помош да го надминеме тој проблем и полесно да зачекориме кон европскиот пат, изјави претседателката на ДКСК.

Во однос на тоа дали ќе имаат средба со тимот од Вашингтон, Ивановска истакна дека сè уште немаат точни информации дали воопшто ќе остварат средба со нив.

Членовите на ДКСК порачаа дека со самото доаѓање на тимот, ќе се изврши притисок во институциите и ќе постапат сериозно според апелите на Комисијата и нивните иницијативи.

За Законот за ветинг, Ивановска вели дека е работа на политичката волја и дали се тие спремни да го спроведат.

Горан Трпеноски, член на ДКСК посочи дека најосновното прашање што треба да се постави е „кој ќе го спроведе тој Закон“, бидејќи од досегашното искуство, како што посочи тој, државата нема капацитет да направи Комисија што ќе го спроведе законот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија да учи од примерот на Бугарија, која не влезе во Шенген зоната поради корупција

Советникот на Стејт департмент, Дерек Шоле доаѓа во Скопје да разговара за корупцијата

Корупцијата во Македонија се влошува, а не се подобрува, вели британскиот амбасадор

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ребаланс на буџетот: Покачување на платите, пензиите и 52 милиони евра за субвенции на земјоделците

Редакција

Финансиската полиција влезе во М-НАВ

Редакција

Хрват пронајден починат во соба во хотел на Гази Баба

Редакција