еМагазин
Image default
Техно

Портите на ИТ светот беа отворени за најмалите од прво и второ одделение

Во вторник, 23. април и четврток, 25. април, вратите на Мајкрософт Македонија беа широко отворени за да ги пречекаат супер хероите на иднината. Во нивна посета беа околу 100 дечиња од неколку основни училишта од Скопје.

„Секојдневните супер херои се луѓето околу нас. Тие го движат светот. Секое нивно дело е капка во океанот на промената. За експоненцијално да се зголеми нашиот развој деновиве ги отворивме портите на ИТ светот за најмалите“, рече Љупчо Георгиев, Генерален директор на Мајкрософт за Македонија и Косово за посетата на дечињата од прво и четврто одделение.

Според него и Мајкрософт, темелите за развојот на општеството се поставуваат сега и затоа тие при посетите уште од најрана возраст ги внесоа во светот на ИТ. Во забавна и интересна атмосфера им беше посочена разликата помеѓу софтвер и хардвер, им покажаа како најголемите професионалци пишуваат во Word и заедно сите играа Minecraft, една од најинтересните и наједукативните видео игри во светот.

Децата беа на возраст од 7 до 12 години и иако оваа возраст за постарите генерации изгледа ниска за овие науки, светот покажува друг тренд. Според истражувањата нивниот интерес за компјутерите значително се разгрева на 9 и 10 години и тие се клучните години за новите генерации.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија на дланка на туристите: Изработена нова апликација „Visit Macedonia”

Редакција

IFA 2019: Samsung Electronics прославува пет децении од дизајнирање на иднината

Редакција

Удобно, топло, празнично – уживајте филмски пред малите екрани со кристално чиста слика на FAVORIT телевизорите

Редакција