еМагазин
Image default
Локално

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

МВР информира дека на 27.09.2020 (недела) со почеток во 09.45 часот, во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје, ќе се одржи спортско-рекреативна трка „Прв до врв“, со траса на движење на велосипедската трка со почеток од пред Музеј на град Скопје на ул.„Св. Кирил и Методиј“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“, во продолжение по бул.„Мајка Тереза“, лево по ул.„Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врвот на Водно („Милениумски крст“).

Трасата на движење на планинарите, пак, е со почеток од пред ОУ„Кочо Рацин“ на бул.„Мајка Тереза“, право по ул.„Тодор Александров“ и кај ул.„Салвадор Аљенде“ десно, по ридско пешачките патеки кон Средно Водно, а од Средно Водно кон врвот на Водно („Милениумски крст“).

„Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени две лица за лажната дојава за бомба во „Сити мол“

Редакција

Пронајдено 11-годишното дете од Битола што исчезна пред три дена

Редакција

Можност за уживање: Ноќно скијање во битолскиот ски-центар „Нижо Поле“

Редакција