еМагазин
Image default
Локално

Поради оперативно-тактичка вежба посебен режим на сообраќајот во Скопје

Поради спроведување на оперативно-тактичка вежба од страна на Министерството за внатрешни работи, а во координација со Амбасадата на САД, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Притоа, како што соопштија од МВР, за сообраќај ќе бидат затворени улицата „Самоилова“, на потегот од улицата „Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до крстосницата со улиците „Прохор Пчински“ и „Самоилова“ и „Лазар Личеноски“, на потегот од зградата на ЈП Водовод до Амбасадата на САД во Скопје.

По потреба, затворен за сообраќај ќе биде и булеварот „Никола Карев“, на потегот од улицата „Македонско – косовска бригада“ до улицата „8 Септември“, како и улицата „Македонско – косовска бригада“, на потегот од крстосница со улицата „Џон Кенеди “ до крстосница со булеварот „Никола Карев“ во Скопје, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно пукање во Скопје: Ранет 31-годишен маж во Чаир

Редакција

Засилени контроли на МВР: Во Скопје вчера санкционирани 325 возачи

Редакција

Мајка си ги нападнала двете малолетни деца, случајот го пријавил таткото

Редакција