еМагазин
БЕСПАРИЦА

Поскапувањето на струјата нема да биде над 10%, неизвесно дали преку ден ќе има евтина тарифа

Цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе се зголеми до 10 отсто, вели министерот за економија Крешник Бектеши за емисијата Економски магазин на Алсат М.

„Да бидам искрен, на затворена владина седница веќе е усвоена одлука со која ЕСМ ќе учествува на јавен тендер објавен од универзалниот снабдувач, во овој случај, ЕВН Хоме.

Јас само можам да потврдам дека крајната цена според сите проекции што сме ги правеле ние како енергетски тим во рамки на Владата, нема да биде над 10% за домаќинствата и граѓаните“, вели Бектеши.

Телевизијата објави и дека е неизвесно дали по Нова година граѓаните ќе имаат преку ден евтина тарифа на електричната енергија. За оваа се уште се преговарало.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Mлекото и тестенините од денеска треба да се продаваат по понисики цени

Редакција

Голем пад на работата на македонските градежници во странство

Редакција

Патувањето во Грција со кола „ѓавол ипол“: Драстично поскапување на патарините

Редакција