За денар до денар и половина се зголемуваат цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Еуросупер БС-95, дизелот и Есктра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар, а Еуросупер БС-98 за денар ипол.
Според тоа, новата цена на Еуросупер БС -95 ќе биде 65,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 67,50 денари, а дизелот по цена од 56 денари за литар.
Есктра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 45 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 HC се зголемува за 0,637 денари за килограм и сега ќе изнесува 35,396 денари за килограм.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.