еМагазин
Image default
Бизнис

Потврдете или корегирајте ја Годишната даночна пријава до 31 мај

На 31 мај истекува рокот за потврдување или корегирање на Годишната даночна пријава. По истекот на овој рок, Годишните даночни пријави ќе бидат конечни.

„На 1.06.2020 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави што од страна на граѓаните не се ниту потврдени, ниту корегирани. Годишната даночна пријава која граѓанинот ја корегирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи.

Доколку службеното лице не ја одобри корегираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2019 година,“ се вели во соопштението од Управата за јавни приходи.

Оттаму апелираат до граѓаните кои оствариле приходи, а се уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, да го сторат тоа во најкраток можен рок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се ограничува каматата на долговите

Редакција

АСОМ: Стоп за срамниот, неевропски, неуставен, дискриминирачки и монополски Закон за игри на среќа

Редакција

„Дојче веле“: Груевски регистрирал фирма во Унгарија, ќе работи од трговија со порцелан до рекламирање и управување со имот

Редакција