Познатата ракометна судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се гости во новата „Еден на Еден“ кај Жаре, заедно со пејачката Антониа Гиговска, во недела од 18.30 на Канал 5.
Начевски и Николов кои го судеа финалето на ЕП во Келн, раскажаа многу приказни од долгогодишната кариера.
„Во Африка, новинарот и снимателот влегуваат на терен среде натпревар, и додека уште трае играта прават прилог“, е едно од нивните искуства.
„Таму навивачите се тепаат, се колат, се маваат со патики“, рекоа Ѓорѓи и Славе низ насмевка.
Тема на муабет беа и домашните натпревари, но и тепачката на Начевски со Веселин Вујовиќ пред многу години. Ѓорѓи ги искоментира и навредливите графити низ градот кои се однесуваат на неговиот татко, судијата Марјан Начевски.
„Такви графити има повеќе отколку за Бранко и Љупчо“, рече Начевски.
Искрени муабети, Жаре имаше и со пејачката Антониа Гиговска, која раскажа како го запознала пејачот Иван Јованов со кој е во врска, за нејзиното искуство како придружен вокал на Тамара на „Евросонг“. Антониа запеа дел од нејзината омилена балада која ја врзува за Иван, и за прв пат во Еден на Еден, во живо ја промовираше новата песна, „Крива сум“.
Жаре подготви и специјален осмомартовски монолог и песна.
Во продолжение, погледнете една од интересните приказни од ЕП во Келн на Начевски и Николов, каде што му беа досудени чекори на Карачиќ и најавата за емисијата:
ПРОМОТИВНА ОБЈАВА