Тетовската полиција работи на случај по пријава во кој повеќе малолетници тепаат едно дете, а настанот го снимиле и го објавиле на социјалните мрежи на интернет.
Станува збор за настан што се случил во Тетовското село Пршовце пред околу еден месец.
-Вчера 45-годишник од Тетовско Пршовце во СВР Тетово пријавил дека пред околу еден месец неговиот малолетен син во селото бил физички нападнат од повеќе малолетни лица, негови соселани, а потоа снименото видео за овој напад било објавено на социјалните мрежи.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот и против инволвираните ќе следат соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Тетовската полиција и вчера бележи пријава за напад врз малолетник кој се случил на 3 мај. Жител на Отушиште пријавил во полиција дека во Тетовско Теарце неговиот малолетен внук бил физички нападнат од лице од Пршовце. Според пријавеното, напаѓачот употребил и дрвен предмет.
МИА