Вчера беше соопштено дека во Македонија се регистрирани седум нови случаи на заболени со коронавирусот.
„Тестирани се вкупно 113 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 7.
Потврдените случаи се од 4 градови. Регистриран е првиот случај во Кратово.
Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 2 женски и 5 машки лица.
Хоспитализирани се 2 лица, а останатите се на домашно лекување.
Кај 3 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).
Вкупно 4 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)„, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Графикон) 44,9 години е просечната возраст на заболените од коронавирусот во Македонија
Табела: ИЈЗ