еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повеќе од 3.000 матуранти биле фатени како препишуваат на испитот по англиски јазик

Оценувачите во текот на процесот на оценување по предметот англиски јазик од државната матура, утврдиле дека дури 3.100 ученици препишувале на испитот, потврдија за Мета.мк одговорните во Државниот испитен центар (ДИЦ).

Директорката Благица Павловска вели дека утврдените недоследности (преписи) се откриени и санкционирани.

„Тие 3.100 ученици користеле плагијати од различни веб-страници, утврдени се преписи на есеите. Препишаните есеи им се бодувани со 0 поени. Но, тестот не е составен само од есеј, имаа и прашања на заокружување и прашања со дополнување кои исто така се оценуваат.

Оние кои не положиле, имаат право да полагаат повторно во август“, вели за Мета.мк директорката Павловска.

И лани имаше преписи на испитот по англиски јазик. Екс-директорката на ДИЦ, Елизабета Наумовска, за Мета кажа дека констатирале многу преписи од Интернет, односно учениците со своите смартфони пребарувале текстови и истите го пренесувале во тестот, иако користење смартфони се забранети за време на полагање матура.

Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сладолед, лотарија, пари, билети: Вака државите ги „поткупуваат“ луѓето да се вакцинираат

Редакција

Одобрено обвинението за „Поштенска банка“

Редакција

Вознемирувачки снимки од уличната војна во Газа помеѓу Хамас и израелската војска

Редакција