еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Повеќе од половината деца родени во 2017 година се невакцинирани: Најниска вакцинација во Центар, Карпош и Аеродром

Oд вкупниот број деца родени во 2017 година, повеќе од половина од нив се невакцинирани (53%), додека од децата родени во 2016, невакцинирани се повеќе од една третина (36%), информираше денеска д-р Билјана Данаиловска од Центар за јавно здравје-Скопје.

„Опфатот со прва доза МРП вакцина за предучилишни деца е најнизок во општините Центар, во Карпош и во Аеродром, во кои речиси половина од децата се невакцинирани, додека пак, висок процент на вакцинација со МРП вакцина се бележи во општина Сопиште 0% невакцинирани и Шуто Оризари со 9,07% невакцинирани.

И покрај тоа, што кај училишните деца ситуацијата е подобра, односно од вкупно 65 806 деца од 1-9 одделение, невакцинирани или некомплетно вакцинирани се 3.728 деца или 5,7%, сепак загрижува податокот дека невакцинирани (или некомплетно вакцинирани) се 20% од децата во прво одделение. Со возраста расте и опфатот со вакцинацијата и кај децата од 5 до 9 одделение, каде се невакцинирани помалку од 5%“, рече Данаиловска.

Професор д-р Александра Грозданова, претседател на Комитетот за имунизација при Министерство за здравство информираше дека веќе се одржани две работни средби на работна група, формирана од министерот за здравство, со претставници од МЗ, МТСП и ДСЗИ, со цел разгледување на можностите во законската регулатива за правото на заштита на децата од заразни заболувања, со цел соодветна имунизација и нивна навремена заштитени.

Таа посочи дека препорака од работната група е во следниот период превентивни здравствени тимови да ги посетат предучилишни установи и училиштата, имајќи предвид дека најголем дел од родителите имаат прашања и дилеми во однос на вакцинацијата

Апел од стручните лица е родителите навреме да ги вакцинираат и со тоа да заштитат своите деца, бидејќи вакцината е единствената безбедна и ефикасна мерка за спречување на епидемијата и заштита на децата од можните сериозни компликации на малите сипаници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поразителни податоци за вакцинацијата: Во Скопје невакцинирани 15 илјади деца на возраст до 14 години

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Шекеринска, Милошоски, Жерновски и Мицкоски „се помирија“ за вкусна италијанска храна

Редакција

(Видео) Проф. Трајковски: „Ако сите беа вакцинирани, во летниот бран ќе изгубевме 209 животи наместо 1.047“

Редакција

Во Македонија регистрирани нови случаи на подваријанти на омикрон

Редакција