Заклучно со податоците објавени вчера, вкупниот број на починати од компликации поради корона вирусот во Македонија изнесува 131.
“Регистриран е 131 смртен случај (Лт = 6,1%).
Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=83) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 21,7/100.000 жители.
Регистриран е 91 смртен случај кај лица од машки и 40 кај лица од женски пол.
Од починатите, кај 99 (75,6%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=67), дијабет (n=25) и белодробна болест (n=23).
Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена.
Девет (6,9%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 122 (93,1%) починале за време на хоспитализација“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје, која еМагазин секојдневно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дебар ни одржа лекција за дисциплина на сите
Само еден од новопочинатите од корона вирусот имал контакт со потврден случај