еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повторно дојави за бомби во осум средни училишта во Скопје

На меил адреси на осум средни училишта во Скопје денеска повторно била упатена закана за поставена експлозивна направа, информираа за МИА од МВР.

Станува збор за училиштата „Раде Јовчевски – Корчагин“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Панче Арсовски“, „Никола Карев“, „Владо Тасевски“ и „Михајло Пупин“ и „Цветан Димов“.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.

Во тек се антитерористички проверки и се презематаа мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 19 пациенти, а вкупно се лекуваaт 284

Редакција

СЗО: Омикрон е регистриран во 57 земји, потребни се повеќе податоци за да се види, дали се намалува заштитата од вакцините

Редакција

Обвинет во случајот „Тортура“ објасни како бил лишен од слобода Љубе Бошковски

Редакција