На 29.10.2018 година околу 12,20 часот било пријавено дека во Затвор – Скопје, настанал пожар, при што била опожарена соба од затворено одделение. Eден припадник на затворската полиција и тројца затвореници биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.
Пожарот бил изгаснат од страна на екипи од Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.