Во Скопје гостува познатиот српски актер, продуцент и водител, Никола Ѓуричко со свое стенд ап шоу, „Сè што сте сакале да знаете за Џони, а не сте смееле да го прашате“.
Шоуто ќе се одржи на 15-ти ноември, петок, во Домот на АРМ, додека следниот ден, 16-ти ноември, штипјани ќе имаат можност да го гледаат стендапот.
„Кога наполнив 40 години една од роденденските одлуки ми беше да направам свое стенд ап шоу. Многумина од пријателите ме советуваа тоа да го сторам. Се надевам дека не беа само љубезни. На 09-ти јули наполнив 43 години. Што се случи и зошто ми беа потребни три години? Можеби животот ме прегази? Знам само дека материјалот цело време ми беше подготвен. Но, признавам, дека малку бев уплашен. Но, како и да е, јас настапувам“, изјави Ѓуричко.
Во „Сè што сте сакале да знаете за Џони, а не сте смееле да го прашате“ Ѓуричко дава одговор на прашањата: за колку пари ги продавал туристичките аранжмани за Хаваи, што морал да пее во прво одделение, зошто носел хеланки, како добил две наградни излегувања во град и ред други интересни работи. Ѓуричко во својот степнд ап објаснува како правилно се користи кондом и што не смее никогаш да се става во очи.
Стенд ап шоуто на Ѓуричко веќе две години се прикажува во регионот а конечно и кај нас.
Ивкова слава“ „До коска „Ќе се вратат штрковите“, „Зона Замфиова“, се филмовите во кои има улоги познатиот актер, Ѓуричко.
Гостувањето на Ѓуричко во Скопје и во Штип е во организација на КМК продукција.