еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратеници од ДУИ нема да го зголемат мнозинството на Мицкоски, вели Ахмети

Не сме загрижени за ситуацијата со опозицијата. За нас се приоритет државните, а не партиските интереси – да го решиме проблемот со Бугарија, да функционира земјата во нормална состојба, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред средбата на партиското раководство во Тетово.

Како што рече Ахмети, ДУИ е отворена за разговори со сите кои се про ЕУ и НАТО, но нема комуникација, ниту ќе има со оние што негуваат анти-НАТО, анти-ЕУ и анти-албанска филозофија.

Демокртатски е, смета Ахмети, некој да има мнозинство од 61 пратеник, но сосема друго е стратегија, концепт и иницијатива.

На новинарско прашање дали е точно дека пратеници од ДУИ ќе го зголемат мнозинството на Христијан Мицкоски, Ахмети рече дека тоа се лажни вести и дека ДУИ е комплетна.

„На средбата ќе се анализираат актуелните политички случувања, а целта е како да се зачува нормалната состојба во државата. ДУИ е партија со голем кредибилитет и приоритет. Секогаш ги става државните интереси пред партиските,“ додаде Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ќе одлучи денеска ДУИ на Генералниот совет на партијата

МИА/Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Градоначалниците да не ми изиграваат локални шерифи, туку да им служат на граѓаните достоинствено

Редакција

Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи „засилување“ во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Редакција

Која е Јована Тренчевска, новата министерка за труд и социјална политика

Редакција