еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Предавање на Љубчо Георгиевски во Софија одложено по упад на Ангел Џамбаски

Планирано предавање на поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски во Софија е одложено поради упад на европратеникот и потпретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски и неговите поддржувачи во салата на Централниот воен клуб, јави дописникот на МИА од Софија.

Георгиевски требаше да зборува за бугарско-македонските односи, на покана од Клубот за бугарско-македонско пријателство, кој беше формиран неодамна.Тој изјави дека не му е јасно зошто се прави тоа и на кого му пречи тоа што дошол да го каже.

-Пријателството се гради низ дијалог, категоричен беше тој во кратката изјава за дописникот на МИА од Софија и група бугарски медиуми, кои го следеа тоа што се случуваше пред Централниот воен клуб во Софија.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Беса Транс“ одложено, преставник на Царината не дојде по трет пат

Редакција

(ВИДЕО) Првиот пратеник Македонец во Албанија испиша историја со обраќање на македонски јазик во албанскиот Парламент

Редакција

Паркингот во Ист Гејт Мол ќе се наплаќа, почнувајќи од понеделник

Редакција