еМагазин
Image default
Македонија

Предметот „Империја“ се уште во фаза на вештачење

Државниот јавен одбвинител Љубомир Јовески информира дека истрагата за предметот „Империја“ е во тек и дека постапката се наоѓа во фаза на вештачење.

– Постапката за овој предмет е во фаза на вештачење, а се преземаат и други дејствија. Очекуваме во некое рационално време да биде изготвено мислење од вештите лица, истакна Јовески на денешниот онлајн брифинг со новинарите.

Случајот „Империја“ го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), а меѓу осомничените е и бизнисменот Јордан Камчев. Истрагата за овој случај сега ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега ниту едно дете од скринингот во училиштата не е позитивно на Ковид-19

Редакција

„Македонија блокира“ од петок со блокади и на крстосниците во Скопје

Редакција

За една недела 185 лица до 19 години во Македонија заразени со Ковид-19

Редакција