еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Предвремени избори нема да има, за укинување на техничката влада потребен е консензус на четирите најголеми партии, велат од СДСМ

Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија сметаат дека какви било измени на Законот за влада треба да бидат усогласени меѓу четирите најголеми партии во Собранието. За тоа, нагласуваат има време, бидејќи предвремени избори нема да има, туку редовни во 2024 година. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ бара укинување на „пржинската влада“, според СДСМ, говори за тоа дека државата денеска е способна да спроведе фер и демократски избори.

– ВМРО-ДПМНЕ беше против укинувањето на техничката влада откако ги изгуби изборите во 2016 година, иако таа требаше да биде само за тие избори. Добро е што сега ВМРО-ДПМНЕ по толкав период признава дека нашата држава има институции кои можат да спроведат фер и демократски избори и за разлика од 2016 година кога државата беше категоризирана како заробена, денеска е држава која може да спроведе фер, демократски и слободни избори признаени од сите, изјави координаторот на СДСМ, Јован Митревски.

Тој појасни дека во врска со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на „пржинската влада“, СДСМ спори две работи – прво спорен е начинот на кој е доставен предлогот, односно не се консултирани другите партии.

– Според Пржинскиот договор за какви било измени на Законот за влада треба да има консензус меѓу четирите најголеми политички партии во Собранието, а не на ваков начин со еднострано изразена волја на една партија, рече Митревски.

Втор спорен момент, како што рече тој, е тајмингот на поднесување на овој закон.

– Сите знаеме дека предвремени парламентарни избори нема да има. Ќе има редовни избори во 2024 година и фактички има време четирите најголеми политички партии да дискутираат и да имаат политички консензус по однос на техничката влада, рече координаторот на СДСМ.

Тој додаде дека поради безидејност, ВМРО-ДПМНЕ и во овој тежок период нема што друго да понуди освен да прави политички театар за јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предвремени избори ќе нема, техничката влада треба да се укине, но со консензус, велат од ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа предлог за укинување на техничката влада

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Николоски: Го разрешвиме Јанчев заради несогласувања, не за поткуп на пратеници

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 536 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

(Фото) Груевски на насловна на унгарскиот магазинот ХВГ: “Ја сакам Унгарија“

Редакција