Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на 2 јануари 2023, среднодневните концентрации на ПМ10 суспендираните честички во Битола и Тетово се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар и е прекината епизодата од два последователни дена, соопштија денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Оттаму додадоа дека во Битоа и Тетово престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање.
Фото: Општина Битола
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.