еМагазин
Image default
Бизнис

Прекршочни постапки за телевизиите кои ќе емитуваат платена политичка програма со малолетници

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со мониторингот на изборното медиумско претставување од кампањата за предвремените парламентарни избори 2020 година повторно констатирала дека одредени телевизии емитуваат платено политичко рекламирање (ППР) во кое има малолетници, што е спротивно на член 76 став 3 од Изборниот законик.

„Имајќи предвид дека радиодифузерите се одговорни за законитоста на содржините кои ги емитуваат, Агенцијата предупредува дека, од утре, секое емитување на ППР во кое има малолетници ќе биде предмет на прекршочна постапка.

За да се избегнат ваквите случаи, апелираме радиодифузерите внимателно да ги прегледуваат сите содржини, а оние кои не се во согласност со Изборниот законик и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да одбијат да ги емитуваат. Воедно ги повикуваме учесниците во изборната кампања да го усогласат нивното платено политичко рекламирање со законите“, соопшти Агенцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза во јули

Редакција

МЕПСО ја модернизираше трафостаницата Кавадарци

Редакција

Пад на индустриското производство во октомври од 5,2 отсто

Редакција