еМагазин
Македонија

Преку КОВАКС механизмот ќе пристигнат 38.400 вакцини „АстраЗенека“ на 14 мај

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека на 14 мај ќе пристигнат вакцини „АстраЗенека“.

„Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот „АстраЗенека“, напиша Филипче на неговиот Фејсбук-профил.

Тој додаде дека вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, при што апелира сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk.

Фото: Photo by Daniel Schludi on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 62 случаи на заразени со корона вирусот, најмногу во Скопје и Штип

Редакција

(ВИДЕО) Каде Катица Јанева ќе биде во домашен притвор

Редакција

Детален преглед: Пожари во Штипско, Струмичко, Скопско, Битолско, Охридско, Тетовско, Кумановско и Велешко

Редакција