еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Препораки за топлотниот бран: Да се остане на затворено, повеќе течности и внимателност при исхраната

Поради најавениот топлотен бран, Министерство за здравство потсетува на почитување на општите мерки за заштита на здравјето како што се:

-Во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред сé климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

-Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.

-Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.

-Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

-При влегување во возило, потребно е истото тоа одреден период да се проветри.

-Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, препораките се:

-Задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба.

-Термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиус, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени Целзиус.

-Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.

-Исто така, информираме дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број на лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури.

-Исто така, по потреба и на дневна основа, Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици, посебно за најранливата категорија на граѓани во деновите кои доаѓаат.

Фото: Photo by Tim Stief on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР: Да не се патува во Авганистан, тие кои се таму да си заминат во најскоро време

Редакција

Објавен трејлерот за македонскиот филм „Преекспонирано“ кој наскоро ќе се најде во кината

Редакција

„Сега, еве да допее Владо и затвараме„: Твитер реакции за журките во „Мош“

Редакција