еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) еМагазин на грчкиот остров Спецес: Кочија може, автомобил не!

Слично како и на соседниот остров Хидра и на островот Спецес, кој се наоѓа под Пелапонез, се забранети автомобили. Возила се дозволени секако за пожарната служба, за транспорт на стоки, брза помош и таксисти, кои се ептен ретки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) еМагазин на грчкиот остров Хидра: Мир и за телото и за душата

Главно превозно средство на овој грчки остров се моторите, кои рака на срце ги има премногу, вклучувајќи ги и тие што ги изнајмуваат туристите, но и кочии.

Инспиративен остров

Спецес е 12-от грчки остров кој го имам посетено (над просек за еден грчки граѓанин на пр., кој посетил 10 острови). И нема никаква дилема го рангирам во моите топ пет омилени грчки острови.

Едноставно овој остров е инспирација каде и да се свртите. На момент мислите дека сте во Италија, потоа како да сте во Хрватска, за на крај Грците се тука да Ве потсетат дека сте во Грција.

Плажи

За разлика од Хидра, Спецес има многу поголем избор на плажи. И овде има неколку да ги наречеме „градски“, со прилично чиста вода, но и бројни други надвор од портата.

Од срце ја препорачувам Zogeria. Сенка од маслинки, кристално сина вода, организиран и неорганизиран дел, за сите по нешто. Од десната страна на стотина метри преку ридот Ве чека ново изненадување – десетици мали неорганизирани плажички. Комбинација на песок и ситни камења.

Да не се изненадите, дури и на бротчињата кои Ве носат на плажите овде се пополнува формулар за Ковид-19!

Цени

Кога патувате на остров во Грција имајте во предвид дека таму буквално се е поскапо отколку на копно. Од цените за кафе во кафуле до цени во супермаркет. Цените варираат зависно од тоа на кој остров одите.

Спецес не е помеѓу најскапите грчки острови, но сите цени се повисоки на пр. споредено со Солун.

Треба да се напомене дека за посета на грчки остров, поради пандемијата со Ковид-19, Ви се потребни речиси истите работи, како и за влез во Грција. Тест, доказ за вакцинација или прележан Ковид-19 и да имате 24 часа пред патување пополнето друг формулар, кој можете да го најдете на sea.travel.gov.gr.

П.С. Поради пандемијата бидете подготвени и за чекање ред во супермаркет, пекари…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) еМагазин на Порос: Шармантниот остров во близина на Атина, настанат од два острови

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Максималната казна за прекршок на граѓаните се намалува од 1.000 на 250 евра, за нерегистрирано возило од 500 на 250 евра

Редакција

Од утре без маски на отворено, свадби до 100 гости, но полицискиот час продолжува до 15 јуни

Редакција

(Фото) Новак Ѓоковиќ ја сподели успешната приказна на младиот македонски бизнисмен Душко Чифлиганец

Редакција