еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) еМагазин на Порос: Шармантниот остров во близина на Атина, настанат од два острови

Порос важи за еден од најубавите острови во близина на Атина. До него можете да стигнете од пристаништето Пиреја со брз брод за околу 1 час и 15 минути.

Шармантниот остров во Саронскиот Залив, е всушност настанат од два острови, Сферија и Калаврија, кои многу одамна се оделиле од Пелопонез.

Па така, додека шетате по него, понекогаш не ви е јасно што каде е.

Дестинација за луксузни јахти

Островот како што имаше можност да се увери екипата на еМагазин е дестинација за бројни луксузни јахти, од сите страни на светот, а е и една од омилените дестинации, поради близината, и на богатите Атињани.

По архитектурата потсетува на типичен грчки остров, се разбира со бројни таверни и многу историја.

Какви се плажите

Плажите се со комбинација од ситни камења и песок, а Ви ја препорачуваме Russian bay beach и секако Аскели, најголемата плажа, на која освен организиран дел, има и мали делови (со песок) на кои можете да избегате од гужвите и комплетно да уживате во кристално синото море.

Цените „островски“

Кога патувате на остров во Грција имајте во предвид дека таму буквално се е поскапо отколку на копно. Од цените за кафе во кафуле до цени во супермаркет. Цените варираат зависно од тоа на кој остров одите.

Порос не е меѓу најскапите острови во Грција, па овде во сред сезона можете да најдете сместување и за 40 евра за два лица од ден и кафе за носење од 2 евра, цени кои нема да ги добиете на многу други острови.

Треба да се напомене дека за посета на грчки остров, поради пандемијата со Ковид-19, Ви се потребни речиси истите работи, како и за влез во Грција. Тест, доказ за вакцинација или прележан Ковид-19 и да имате 24 часа пред патување пополнето друг формулар, кој можете да го најдете на sea.travel.gov.gr.

П.С. Поради пандемијата бидете подготвени и за чекање ред во супермаркет, пекари…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) еМагазин на грчкиот остров Спецес: Кочија може, автомобил не!

(Галерија) еМагазин на грчкиот остров Хидра: Мир и за телото и за душата

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 572 болни од Ковид-19

Редакција

(Видео) Голем јубилеј на Клиника „Жан Митрев“: „Дваесет години воведуваме повисоки стандарди во македонското здравство“

Редакција

(Фото) Од птичји грип угинале над 500 пеликани во грчкиот дел на Преспанско Езеро

Редакција