еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Сите здрави возрасни лица, а особено постарите од 60 години е пожелно да се вакцинираат

Професор Дејан Трајковски, редовно на Фејсбук прави анализи за состојбата со Ковид-19 во Македонија. Ви ја пренесуваме најновата која се однесува на обезбедувањето на колективен имунитет.

“Уште од времето на Алфа сојот не сме ја погледнале пресметката на потребниот степен на вакцинација за обезбедување колективен имунитет против Ковид-19. Во меѓувреме работите многу се промениле.

Тука е Делта сојот, којшто се неговиот базичен репродукциски број R0=5…9 (ќе земеме просечно 7) бара најмал комбиниран степен на колективен имунитет (од прележување и вакцинирање заедно):

1 – 1/R0 = 1 – 1/7 = 85,7%.

Потребниот степен на вакцинација (PSV) ќе го пресметаме според следната формула:

PSV = (PKI-IP)/((1-IP)*VE), каде

PKI е потребен степен на колективен имунитет (за Делта сојот видовме претходно дека изнесува 85%),

IP е степен на колективен имунитет од прележување. Врз основа на серолошкиот скрининг на антитела во Скопје, се проценува дека на ниво на држава истиот изнесува околу 34,3% (со 95% интервал на доверба од 27,8% до 40,8%). Ќе земеме најоптимистичка вредност од 40%.

VE е ефикасноста на вакцините, којашто во случајот на Делта сојот е во значителен пад, и моментално се проценува помеѓу 38% и 80%. Ќе ја усвоиме најоптимистичката вредност од 80% (колку што изнесува за вакцините од Фајзер, непосредно по вакцинацијата).

Со овие вредности од претходната формула го наоѓаме минималниот потребен степен на вакцинација:

PSV = (0,85-0,40)/(1-0,40)*0,80) = 94%.

Истата вредност ја добиваме и од дијаграмот на сликата, којшто ја прикажува потребната стапка на вакцинираност во зависност од дадените параметри.

Заклучуваме дека во македонски услови, дури и со максимално ефикасни вакцини против Делта сојот е невозможно да се постигне колективен вакцинален имунитет, дури ни кога би се вакцинирало целокупното возрасно население на државата (80% од популацијата).

Да се потсетиме, моментално стапката на вакцинираност најмалку со една доза изнесува околу 24% од вкупното население.

Ова значи дека есенскиот бран, при сегашниот степен на прележаност на населението, не може да се спречи со вакцинација. Потребниот степен на колективен имунитет (до 85%) ќе биде надополнет со прележување.

Ова, се рабира, не значи дека вакцинацијата е залудна, бидејќи при поголем опфат со вакцинација се намалува уделот на населението којшто ќе мора да прележи за да се дојде до колективен имунитет.

Второ, иако постоечките вакцини не можат да спречат заразување и ширење на епидемијата, истите се сé уште прилично ефикасни (со многу висок степен, околу 90%) против тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход.

Поради тоа, сите здрави возрасни лица, а особено постарите од 60 години (возраста од која започнува поголема смртност) е пожелно да се вакцинираат.

За споредба, во Велика Британија преку 95% од постарите од 65 години се вакцинирани и затоа во последниот бран на епидемијата, предизвикан од Делта сојот, леталитетот и морталитетот се многу ниски, речиси занемарливи.

Забелешка: овој пост не претставува убедување за вакцинација, туку математичка пресметка на потребниот степен на вакцинален колективен имунитет. Се молат антиваксерите да се воздржат од злонамерни коментари бидејќи ќе бидат веднаш блокирани“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф.Трајковски: „Непрележаните и невакцинираните многу тешко ќе куртулат пред делта сојот, кој на есен ќе го видиме во „полн сјај““

Доктор Трајковски ги објаснува симптомите на делта варијантата: „Луѓето не се сигурни дали е коронавирусот или грип“

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) НАСА објави вознемирувачки снимки од пожарите во Амазонија

Редакција

За оние кои прерано си заминаа, концерт „Легендите живеат вечно“ на 28. октомври во „Македонска Филхармонија“

Редакција

Алкалоид регистрираше ново друштво во Велика Британија

Редакција