На 31.01.2020 околу 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, З.М.(59) и Г.М.(34), двајцата од с.Љубодраг, кумановско, физички го нападнале Ж.К.(50) од Скопје, вработен во Градски паркинг Скопје, информира МВР.
Според пријавеното, причина за физичкиот напад било нивното незадоволство од платената казна за непрописно паркирање. Лицата се обезбедени и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.