еМагазин
Image default
Локално

Претседател и секретар „молзеле“ пензионерско здружение во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.Т.(82) и С.В.(63), двајцата од Охрид, за сторено кривично дело,,злоупотреба на службена положба и овластување“ и продолжено кривично дело,,несовесно работење во службата“, информира МВР.

Вo периодот од 2016 до 2018 година, првопријавениот, во својство на претседател на Извршен одбор на Здружение на пензионери на општина Охрид и Дебарца, а второпријавениот во својство на секретар на истото здружение, неосновано си определиле за себе паричен надоместок по основ на присуство на седници на одборите на наведеното здружение.

Во истиот период, пријавените без прибирање на понуди или распишување на оглас за набавка на услуги за превоз на членовите на здружението, склучиле 78 договори за превоз на патници со компанија од Охрид, со што овозможиле наведеното правно лице да се стекне со противправна корист.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тело на 38-годишен маж пронајдено покрај зграда во Карпош, истрагата е во тек

Редакција

Кривична пријава против 40-годишниот С.Ј. кој со „мерцедес“ усмрти полицаец

Редакција

Испукан ракетен фрлач пронајден во Хиподром

Редакција