Арс студио во соработка со Здружението на професори по италијански јазик, Италијанската амбасада во Република Македонија, Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Guerra Edizioni и оваа година организираат настан во чест на Неделата на италијанскиот јазик.
На настанот, свое обраќање ќе имаат врвни домашни и странски професори од областа на италијанскиот јазик.
Настанот ќе се одржи на 19.10.2018 (петок) од 11 часот, во Мултимедијалниот центар на Катедрата за италијански јазик и книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје.
11:00-11:45 – Зошто да се изучува италијанскиот јазик?
проф. Ана Комоди, Универзитет за странци во Перуџа
проф. д-р Александра Саржоска, раководител на Катедра за италијански јазик и книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески“
11:45-12:15 – Пауза/Регистрација на учесници
12:15-14:00 – Меѓународeн семинар за обука на професори по италијански јазик
Насоки за користење на учебниците по италијански јазик “Ragazzi in rete”
проф. Ана Комоди, Универзитет за странци во Перуџа
проф. д-р Радица Никодиновска, претседател на Здружението на професори по италијански јазик
г-ѓа Сара Челини, Гуера Едициони – Перуџа
г-ѓа Тамара Јовановиќ-Нешовска, Арс студио – Скопје
На настанот може да учествуваат сите заинтересирани.