еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Презентирани писмените докази на Обвинителството на судењето за пожарот во тетовската модуларната болница

Претставниците на Основното јавно обвинителство Тетово денеска во текот на главната расправа на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница ги презентираа насловите од писмените докази кои се доставени со обвинителниот акт до Судот.

Одбраната на обвинетите го оспори начинот на презентирање сметајќи дека освен цитирање на наслови треба да се образложат понудените докази. Воедно адвокатите посочија дека од листата со докази недостигаат одреден број на наслови како и дека дел од нив содржат недостатоци кои ги прават неупотребливи.

Со оглед дека денеска заврши делот со презентирање на писмените докази предложени од јавниот обвинител, судијата Јордан Велковски ја одложи главната расправа затоа што не беа присутни предложените сведоци на Обвинителството.

Главната расправа ќе продолжи на 16 јануари 2023 година со вербални докази од сведоци кои се на предлог на Обвинителството. Судот ќе ги покани за главна расправа и посочените сведоци.

Воедно судијата го закажа и 31 јануари 2023 како следен термин за продолжување на главната расправа како не би дошло до повторно одложување поради зафатеност на бранителите.

Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна пред три недели, на 7 декември, откако од септември до овој месец, почетокот на судскиот процес беше одложуван.

Претходно директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница Тетово како правно лице по прозивката на судијата истакнаа дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корупцијата и недовербата во институциите едни од причините што за 8 години се иселиле 700.000 или секој четврти граѓанин

Редакција

Мојаноски: МПЦ ќе го добие Томосот и ако Бугарската православна црква не ја признае

Редакција

Шест починати од Ковид-19, кај сите регистриран коморбидитет

Редакција