еМагазин
Image default
Македонија

Прибе три дена го „чешлал“ текот на судските реформи во Македонија

Германскиот дипломат Рајнхард Прибе во текот на изминатите три дена престојуваше во Скопје, на чело на групата високи експерти по владеење на право кои ја оценуваа состојбата со владеењето на правото во Македонија во 2015 и 2017 година, информираат од Канцеларијата на ЕУ во Македонија

Целта на оваа посета, според канцеларијата на ЕУ во Скопје, била да се направи увид во спроведувањето на препораките што ги даде групата во однос на судските реформи.

Прибе имал средби со чинители во сферата на правосудството и владини претставници за да го оцени постигнатиот напредок и да ги посоветува властите како да остварат видливи резултати.

Прибе, меѓудругото, потсетил на потребата следниот пакет измени на Законот за судови и на Законот за судски совет целосно да ги содржат веќе издадените и претстојните препораки од Венецијанската комисија и експертите од ЕУ.

Прибе уште еднаш ја нагласил потребата да се обнови довербата во судските институции, особено преку конкретни мерки за зголемување на транспарентноста и за промена во однесувањето.

“Воедно, инспекциите на Системот за електронско распределување на судските предмети (АКМИС) треба да дадат конкретни резултати преку истраги од страна на Јавното обвинителство и проверка од страна на Судскиот совет.

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители треба да работат на препораките од групата високи експерти по владеење на право, особено оние кои се однесуваат на штитење на независноста на судството и на осигурување на неговата отчетност“, стои во соопштението.

Прибе ја нагласил и потребата да се спроведат препораките од оценската мисија за обуките во Академијата за судии и јавни обвинители.

Посетата на Прибе е дополнување на помошта што ЕУ ја обезбедува за тековните реформи во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, заедно со експерти од ЕУ што им помагаат на овие тела. Тој ќе ја известил Европската комисија во контекст на подготовките на следниот редовен извештај за земјата, што ќе биде објавен следната пролет, се наведува во сооппштението.

Фото: МАНУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска нова средба Заев и Гаши за влез на Алтернатива во Владата

Редакција

Според Едмонд Адеми на прсти се броеле големите дивоградби во Охрид

Редакција

(Фото) На Апасиев му ја изгребале колата на собранискиот паркинг

Редакција