еМагазин
Image default
Македонија

Прилепчанец заработи осумдневен притвор за закани упатени кон кандидат за градоначалник преку Фејсбук

Осумдневен притвор му е одреден на 27-годишен прилепчанец поради закани упатени кон кандидат за градоначалник на Прилеп и неговото семејство преку социјалната мрежа Фејсбук.

Основното јавно обвинителство Прилеп информира дека повело постапка за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ против осомничениот, кој биле приведен вчера на граничниот премин Табановце при влез во државава и предаден на испитување во Обвинителството.

Од ОЈО дополнуваат дека во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд доставил предлог за определување на мерка притвор против осомничениот, а судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп го прифатил предлогот и на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска комисија: Градоначалникот Шилегов склучил договор со адвокатот Шилегов за консултантски услуги

Редакција

За Јанева нема ПИ-мерка и таа не е следена од страна на Јавно обвинителство

Редакција

Пендаровски утре на Ковачевски ќе му врачи мандат за состав на нова влада

Редакција