еМагазин
Image default
Бизнис

Прилепска Пиварница ја дуплираше добивката во првото полугодие

Прилепска Пиварница АД Прилеп во првите шест месеци оствари добивка пред оданочување во износ од 103.620 илјади денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Минатата година истиот период добивката била 52.160 илјади денари.

-Во периодот 01.01.- 3 0.06.2023 година остварен е вкупен приход во износ од 946.254 илјади денари (оперативни приходи 926.275 илјади денари и финансиски приходи 19.979 илјади денари) и истиот во споредба со остварениот во периодот лани од 843.833 илјади денари (оперативни приходи 826.810.048 денари и финансиски приходи 17.023 илјади денари) има пораст за 12,14% (и тоа оперативните приходи остварени 12% и финансиските приходи со 17,36%).

Во структурата на вкупниот приход најголемо учество има приходот од продажба на производи и стоки во земјата и странство од 904.777 илјади денари и во вкупниот приход учествува со 95,62%.

Остварените вкупни расходи во првото полугодие од 2023 година изнесуваат 842.468 илјади денари и во споредба со остварените вкупни признати расходи во 2022 година од 791.674 илјади денари бележат зголемување за 6,42%, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прилепска пиварница купи сопствени акции

На менаџментот на Прилепска Пиварница лани исплатени 25.7 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за здравство распиша тендер за набавка на 80.000 лубриканти

Редакција

Хотелите во Рим не ги враќаат уплатените средства, туристичките агенции бараат инструкции од државата

Редакција

ТТК Банка ја послуша Народна банка, засега нема да исплаќа дивиденда

Редакција