еМагазин
Бизнис

Прилепска пиварница со добивка во првите шест месеци

Во првите шест месеци од годинава Прилепска пиварница АД Прилеп оствари добивка пред оданочување во износ од 52.160.000 денари, информира компанијата преку Македонската берза.

„Остварени вкупни приходи (во 000 денари) изнесуваат 843.833 денари (оперативни приходи 826.810 денари и финансиски приходи 17.023 денари) и истиот во споредба со остварениот истиот период лани од 767.320 денари (оперативни приходи 760.048 денари и финансиски приходи 7.272 денари) има пораст, односно поголемо остварување искажан со стапка од 109,97% (и тоа оперативните приходи остварени 109% и финансиските приходи со 236%).

Во структурата на вкупниот приход најголемо учество има приходот од продажба на производи и стоки во земјата и странство од 815.900 денари и во вкупниот приход учествува со 96,69%, а останатите приходи од 27.933 денари учествуваат со 3,31%.

Остварените вкупни расходи (во 000 денари) во првото полугодие од 2022 година (вкупно признатите расходи) изнесуваат 791.674 денари и во споредба со остварените вкупни признати расходи во 2021 година од 707.977 денари бележат зголемување и имаат реализација од 111,82%“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прилепска пиварница ќе дели дивиденда од 500 денари бруто по акција

За примања на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Прилепска пиварница лани исплатени над 20 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмичко Единство во првите девет месеци со намалена добивка

Редакција

Превентивно повлечени и други серии од производите „киндер“

Редакција

За 45,9% е зголемен бројот на туристи во првиот квартал годинава

Редакција