еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Прилепски „Конфи Ангел“ почна да произведува заштитни маски и скафандери

Македонско-британска компанија од Прилеп „Конфи Ангел“ произведува два типа заштитни маски, почна со скафандери, а за две недели со нова машина и медицински сертифицирани маски и до еден милон месечно.

Како што објаснува косопственикот Ирена Јакимоска, компанијата „Конфи Ангел“ цел викенд инсталирала нова производствена линија и преадаптирање на процесите на производство за заштитни маски и скафандери.

-Во овој момент компанијата произведува два типа на заштитни маски и месечно може да се произведат околу 200.000 парчиња. Ова се маски, рачно изработени, не се сертифицирани и имаме доволнно материјал за вакво производство на заштитни маски.

Тој материјал го користиме за друг тип неопходен производ, а тоа се скафандерите. Моментално ги работиме во ограничени количества за потребите на Општината, за јавните комунални претпријатија при процесот на чистење и дезинфекција на улиците и на јавните површини, а имаме одредени количества за градската болница и за јавното здравство, изјави Јакимоска.

Ќе се произведуваат уште два типа производи кои многу ќе им помогнат на медицинските лица. Производството ќе се преструктуира за потребите на граѓаните и на државата, а ако има можност ќе помогнеме и во регионот.

-За десетина дена почнуваме нов процес на производство. Се набавува нова машина која ќе овозможи автоматско производство на маски. Испорачани се поголеми количества на сертифициран медицински материјал, специјализиран за медицински маски, па компанијата, најдоцна за две недели, ќе може да произведува сертифицирани медицински маски и до  еден милион парчиња месечно.

Приоритет ќе биде да се задоволат потребите на македонските здравствени институции и на македонските компании. Дополнително, потоа, во соработка со кризните штабови би одлучиле за која земја од регионов да произведуваме сертифицирани медицински маски за да може да има размена за некој тип производ кој е неопходен за нашава земја, објаснува Јакимоска.

Компанијата ќе објави две е -маил адреси: едната за производство на донаторство на маски, а другата за комерцијални цели. Ќе се направи приоритет. Денеска ќе се решат количествата за донирање и на перници и на јоргани, неопходни во овој период.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помалку заразени од Луксембург: Го стави ли Русија корона вирусот под контрола?

Кој и каде ќе може да се тестира: Од денеска 14 пунктови за тестирање за коронавирус

(Фото) Автобуси преполни се луѓе: Јавниот превоз закана за ширење на корона вирусот?

Втор починат пациент од корона вирусот: Почина маж од Дебар на 63 годишна возраст

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ќе набавува пет монтажни лизгалишта

Редакција

Рама им врати на Бугарите: Кренете го ветото или издржете ме!

Редакција

Зголемување за 1,6 пати: За една недела 6.768 нови случаи на Ковид-19

Редакција