еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приоритети ќе останат исти и по приклучувањето на Алтернатива, велат од Влада

Целокупниот процес на одржување стабилност на централната власт во Македонија и натаму ќе биде обезбедуван во духот на демократијата и заради стратешките цели на земјата, но и поради тоа што на граѓаните не им се потребни предвремени или вонредни парламентарни избори, туку стабилен период за остварување на приоритетите од владината програма, потенцирал премиерот Зоран Заев на средбата со лидери на партии од владината коалиција на која ги запознал со постигнатиот договор со Алтернатива со којшто се обезбеди стабилно мнозинство во Собранието и стабилна Влада со влезот на оваа партија во извршната власт, велат од Владата.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев ги запознал лидерите од коалицијата со деталите од договорот со Алтернатива, како и со содржината на документот “Основни начела за надградба на програмата за работа на Владата“, кој треба да се допрецизира и појасни со цел да стане составен дел од новата владина програма.

На средбата од страна на премиерот било презентирано и дека договорот со Алтернатива за зајакнување на парламентарното мнозинство и на Владата значи дека новата проширена коалиција ја презема одговорноста за сигурна иднина и на државата и на граѓаните.

Заев додал дека во овие моменти кога најважно е функционирањето на институциите со полн капацитет постигнатиот договор е гаранција дека имаме мнозинство кое ќе работи на решенија за сериозните актуелни предизвици како што се обезбедувањето континуитет и успешен епилог на процесот за почеток на преговори за членство во ЕУ, односно изнаоѓањето решение со Република Бугарија, понатаму, справувањето со Ковид-19 пандемијата и се разбира глобалната енергетска криза.

Претседателот на Владата, како што е наведено во соопштението, информираше и за делот од договорот со кој Алтернатива презема одговорност за активностите во неколку министерства, институции или подрачни единици или одбори согласно претходно утврдени принципи за постигнување договор за проширување на мнозинството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев во Владата ги информираше партиите од владината коалиција за договорот со Алтернатива

Трајанов за договорот Заев-Гаши: Се нарушува етничкиот баланс во Владата

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Немало туби со гориво во автобусот на “Беса транс“, вели министерот Спасовски

Редакција

(Вознемирувачко фото) Загинатите цивили во Мариупол ги закопуваат во масовна гробница

Редакција

Река со протестна нота поради вклучувањето на Имер Селмани во кампањата на Пендаровски

Редакција